Во шеснаесеттото коло од тековната сезона на англискиот Чемпионшип, Свонси го доби Рединг со 3-2.
Во Велс, гостите влегоа многу подобро во натпреварот и поведоа со 0-2 со головите на Јаку Меите (26′) и на Пол Инс (33′).
До доаѓањето на паузата, ,,Лебедите” го преполовија својот дефицит преку Хари Дарлинг (41′), а во второто полувреме го комплетираа пресвртот преку Оливер Купер (61′) и Џеј Фултон (75′).
На табелата, Свонси го зазема седмото место, претекнувајќи го Рединг, кој падна на деветтата позиција.