Младинскиот репрезентативец Ердон Даци на Македонија до У-21 во турскиот куп доби шанса да настапи во првиот тим за Коњаспорт чиј тим дојде до убедлива победа над Маниса со резултат од 7:0.
Даци вечерва беше несопирлив за противничката одбрана и постигна два гола и имаше една успешна асистенција за гол до соиграч што го прави еден од најдобрите поединци на терен. Младиот напаѓач погодоците ги постигна во 50 и 80 минута од натпреварот.



