Екипата на Брентфорд го продаде својот најдобар стрелец од минатата сезона, Оли Воткинс, кој замина во Астон Вила.
На негово место, претставниците на Лондон го донесоа минатосезонскиот најдобар стрелец во Лиг 1, Ајван Тони, кој решетеше во дресот на Питерборо Јунајтед.
Во првите девет кола од Чемпионшип, 24-годишниот Англичанец постигна девет голови за Брентфорд.
Неговата низа продолжи и на денешниот десетти меч против Свонси, кој е еден од кандидатите за влез во Премиер лигата.
Имено, Тони ја затресе мрежата на Велшаните во 36. минута, отворајќи го резултатот и носејќи му почетна предност на својот тим од 1-0.
До крајот, Андре Ају (77′) му донесе израмнување на Свонси за конечни 1-1.