Последниот свој натпревар, англиската крикет репрезентација го одигра на 16 септември, кога загуби од Австралија со 302/7 (50) – 305/7 (49.4).
Наредната серија на Англичаните ќе започне на 27 ноември, а ќе заврши на 9 декември. Истата ќе се состои од три Т20 и три еднодневни натпревари, на гостински терен, против селекцијата на Јужна Африка.
Во пресрет на прерстојната серија, англискиот тренер, Крис Силвервуд, го објави списокот на играчи, кој гласи:
Оин Морган (капитен), Моеен Али, Џофра Арчер, Џони Беирстоу, Сем Билингс, Џос Батлер, Сем Куран, Том Куран, Крис Џордан, Давид Малан, Адил Рашид, Џејсон Рој, Бен Стоукс, Рис Топли и Марк Вуд.
Како замени на наведените играчи се именувани: Џејк Бол, Том Бентон и Том Хелм.