
Елејн Томпсон-Хера од Јамајка ја обедини двојната спринтерска титула, откако беше најбрза и на трката на 200 метри во женска конкуренција.
Имено, новата шампионка стана втората најбрза жена во историјата на оваа дистанца, откако истрча време од 21:53 секунди.
На втората позиција, со нов младински У20 рекорд, се пласираше атлетичарката од Намибија – Кристине Мбома (21,81).
,,Сребрената” од трката на 100 метри, Шели-Ен Фрејзер-Прајс (21,94), во завршните метри ја загуби бронзата, откако беше претекната од Габриел Томас (21,87).
Во финалето настапија уште четири спринтерки, односно Мари-Жозе Та Лу (22,27), Беатрис Масилинги (22,28), Муџинга Камбунџи (22,30) и Шона Милер-Ибо (24,00).



