
Анита Влодарчик влезе во олимписката историја, откако по третпат во низа стана олимписка шампионка во фрлање кладиво.
Полската натпреварувачка беше неприкосновена во текот на денешното финале со најдалечно фрлање од 78,48 метри.
Континенталната рекордерка на Азија, Женг Ванг, која со последниот обид префрли 77,03 метри.
Вториот медал за Полска на овој настан го освои Малвина Копрон (75,49), која се закити со бронза.
Во продолжение, пласманот во топ 5 го заокружија Александра Таверниер (74,41) и Камрин Роџерс (74,35).



