Во инаугуралниот меч од 25. коло на англиската Лиг 2 се соочија Салфорд и Херогејт.
Пред само две години, двата ривали беа дел од полупрофесионалниот англиски фудбал, дефилирајќи низ Националната лига.
За нив, ова беше втор овосезонски натпревар и истиот заврши со реми од 2-2.
Имено, домаќините водеа двапати, по еднаш и во двете полувремиња, а гостите успеваа да ја анулираат нивната предност.
Стрелци за тимот во сопственост на ѕвездите на Манчестер Јунајтед беа Роби Готс (21′) и Томас-Асанте Брендон (70′), кои ги постигнаа дебитантските лигашки погодоци во својата нова средина.
Од друга страна, Херогејт прво израмни преку својот најдобар стрелец, Џек Малдун (37′), а во судиското продолжение, првенецот на Едвард Френсис му донесе бод на аутсајдерот.
Со новиот поен, Салфорд скокна на четвртото место, додека Херогејт остана на осумнаесеттата позиција.
📸 Twitter: Harrogate Town AFC