Нецелосното 26. коло од англискиот Чемпионшип, вечерва, го отворија Стоук и Вотфорд.
Двете екипи се соочија по вторпат сезонава, при што, Вотфорд дојде до првата двојна победа над Стоук во една сезона после 2005/06.
Имено, гостите од Вотфорд денес триумфираа со 1-2. За нив, капиталната предност ја обезбедија Трој Дини (64′ од пенал) и Исмаила Сар (68′).
Стоук, иако играше подобро во текот на цел натпревар, успеа само да го преполови својот заостаток преку резервистот Стивен Флечер (83′).
Со новите три поени, Вотфорд скокна до третото место на табелата, додека Стоук и покрај поразот, остана на осмото место.
📸 Twitter: Ben Foster



