Иван Тричковски одигра симултанка во првото полувреме против Ермис и постигна хет-трик за 45 минути игра, а АЕК Ларнака со неговите голови триумфира со резултат од 3:1.
Двајцата македонски соиграчи, Даниел Мојсов го одигра целиот натпревар како и капитенот, а Стефан Спировски од средниот ред влезе во игра во 67 минута од средбата. Со новите три гола сега Тричковски има вкупно 9 гола во кипарското првенство.