Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години денеска одигра 1:1 против соодветната репрезентација на Црна Гора во вториот контролен натпревар во Скопје.
Црногорците поведоа по една наша грешка, а младиот фудбалер на Академија Пандев, Спасе Терзиев беше стрелецот за израмнувањето и поставување на крајниот резултат од 1:1.
Фудбалската репрезентација до 19 година ги играше овие два тест натпревари поради фактот што УЕФА претходно ги прекина квалификациите, со што оваа генерација остана без настап во елитната фаза, каде требаше да игра против Шпанија, Белгија и Бугарија.