Македонската репрезентација до 21 година со сите сили ќе се обиде во последните два квалификациски натпревари против Израел и Црна Гора да дојде до место кое што ќе не одведе на Европско првенство.
Имаме млада и многу перспективна генерација која што заслужува да се пласира на едно големо натпреварување. Првиот од двата финални натпревари за Македонија У-21 е на гостински терен против Израел од 18:30 часот.
Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22 бода. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10 бода. Последен е Фарски Острови со шест бодови.



