понеделник, септември 25, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Тенис

Тенисерките на Македонија слават победа и прво место

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 24, 2023
📁 Тенис

Женската репрезентација на Македонија со победата од 2:1 против Ерменија го освои првото место во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Скопје. Македонскиот тим со освоеното прво место се избори следната година да игра во Втората Евро-африканска зона.

Во решавачкиот меч македонскиот дубл го совлада дублот на Ерменија со 2-0 во сетови (63 62). За еден час и 19 минути игра.

Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги победија противничките Ирена Мурадјан и Марина Давтјан. Првиот сет почна со водство на ерменскиот дубл од 3:1, а во играта на нашиот дубл беше присутна нервоза. Но, во продолжението на мечот на теренот како да постоеа само македонските тенисерки кои направија серија од пет гема и го добија сетот со 6:3.

На стартот од вториот сет Македонија поведе со 1:0, а потоа постојано го зголемуваше водство и по 4:1 победата беше се поблиску. Вториот сет заврши со 6:2 и така Ѓорческа и Стоилковска во голем стил го завршија мечот што значеше победа.

Во поединечните мечеви Стоилковска загуби од Мурадјан, додека Ѓорческа ја декласираше Давтјан.

По осум години настапување во Третата зона од Били Џин Кинг купот Македонија направи промоција во ранг повисоко. Ова е вторпат женската репрезентација на Македонија да се избори за еден ранг погоре. Првиот пат тоа го направија 2000 година кога во Португалија ги совладаа сите ривали и се изборија за пласман во Првата Евро-африканска зона.

ShareTweet
Претходна вест

Еурофарм Пелистер го потврди Борзаш

Следна вест

Славица Ангелова победи во шоуто “Ѕвездите на Гранд”

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Ѓорческа стигна до титулата во двојки на турнирот во Грузија
Тенис

Лина се закити со титула во двојки во Германија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
07/Авг/2023
Лина Ѓорческа славеше во два сета на стартот во Севилја
Тенис

Лина ќе игра полуфинале во двојки во Германија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
03/Авг/2023
Калин со титула на турнирот во Австрија
Тенис

Калин со титула на турнирот во Австрија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Јул/2023
Лина ја сруши третата носителка за четвртфинале во Шпанија
Тенис

Ѓорческа обезбеди полуфинале во Рим

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Јул/2023
Следна вест
Славица Ангелова победи во шоуто “Ѕвездите на Гранд”

Славица Ангелова победи во шоуто "Ѕвездите на Гранд"

Последно

Ѓорче Петров славеше со фантастични 21. разлика во ЕХФ Купот

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

(Видео) Фантастичниот Миовски со два гола и асистенција донесе победа

Струга пружи отпор, бодовите за фаворитот Тиквеш

Алкалоид стигна до третата победа

ВО ЖИВО: Тиквеш – Струга

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.