
Во осмото коло од шкотската Лиг 1, Квин оф Саут триумфираше над ФК Единбург со 4-1.
За двете екипи, ова беше трет меѓусебен натпревар во историјата, а воедно и трет на кој славеа момците од Дамфрис.
Домаќините поведоа во финишот на првото полувреме преку Руари Патон (43′), а во интервал од осум минути, дојдоа до водство од 4-0 во вториот дел.
Патон (85′) ја затресе противничката мрежа уште еднаш и асистираше за Јуан Ист (77′), а третиот стрелец во победничкиот тим беше дебитантот Уан Бенџ (80′).
До крајот, честа на претставниците на главниот град на Шкотска ја одбрани Рајан Шенли (90+3′), кој го постави и конечниот резултат.
Освен петте голови, овој меч ќе остане запаметен и како прв во историјата на шкотскиот фудбал во кој истовремено на теренот настапиле татко и син.
Станува збор за фудбалерите на Квин оф Саут, Вали Гибсон (38 години) и неговиот син Луис Гибсон (17 години), кои влегоа во игра како резерви во последните петнаесет минути.
На табелата, Квин оф Саут скокна на седмото место, додека ФК Единбург падна на четвртата позиција.