Македонскиот ракометар Никола Костески продолжува со одличните игри за вицепрвакот на Чешка. Во третото коло од чешкиот шампионат стружанецот постигна неверојатни 17 гола за гостинска победа на неговиот Талент Плзен против Пепино Фридек Мистек од 28:34.
Koстески кој одигра еден од најдобрите натпревари на кариерата постигна дури 12 голови од игра и 5 од седмерец. Покрај 17 гола Костески имаше и 6 украдени топки.