
Барис Нур-Султан ја запиша третата победа на последните четири средби, совладувајќи го Сибир Новосибирск со 2-0.
Двата погодоци на казахстанските претставниците паднаа во првата третина, а стрелци беа Џереми Брако (дебитантскибгол во КХЛ) и Јегор Петухов.
На голот на победничкиот состав стоеше Никита Бојаркин, кој со 24/24 одбранети шутеви, дојде до првиот шут-аут во КХЛ.
Во Источната конференција, Барис изби на шестото место и се наоѓа само една позиција подолу од денешниот ривал.