
По осми пат во историјата, односно по третпат во низа, Норвешка ја освои светската титула во штафета во нордиска комбинација.
Оваа година, на СП 2023 во Планица (Словенија), во тактичко надмудрување, злато на скандинавската земја (47:20,4) и’ донесоа Еспен Андерсен, Јорген Граабак, Јенс Лураас Офтебро и Јарл Магнус Риибер.
Иако беа конкурентни речиси до самиот крај, Германија (+9,0) и Австрија (+9,3) мораа да се задоволат со сребро и со бронза, откако не успеаја да го отпратат завршниот спринт на Риибер.
За Германија настапија Јоханес Ридзек, Ерик Френцел, Винценц Гајгер и Јулијан Шмид, додека боите на Австрија ги бранеа Мартин Фритц, Штефан Ретенегер, Лукас Грајдерер и Јоханес Лампартер.
Во продолжение, без медали останаа Франција (+33,2), Финска (+2:00,9), Италија (+2:30,5), Јапонија (+2:42,1), САД (+4:03,2), Чешка (+4:14,2), Украина (+7:14,1) и Словенија (+9:44,7).