
Првиот плејоф натпревар од тековната КХЛ сезона беше воедно и првиот меч во доигрувањето за Адмирал Владивосток после 2017.
Имено, претставниците на крајниот Исток на Русија триумфираа на гостувањето кај Салават Јулаев Уфа со 1-2 после продолжение и поведоа со вкупни 1-0.
На почетокот на втората третина, Данил Фаизулин погоди за гостите, но десет минути подоцна, израмнување на ,,Зелените” им донесе Александер Хмелевски.
Од продолжението беа одиграни седумнаесет минути пред Прохор Корбит да им донесе триумф на гостите со својот прв погодок во КХЛ.
Исто така, важна алка во победата на Адмирал беше и голманот Никита Серебрјаков со 55/56 одбранети шутеви (98,21%).
https://www.instagram.com/reel/CpQDNeZIs_0/?igshid=NmE0MzVhZDY=