
Пред само два дена, во една од највозбудливите завршници во историјата на тест крикетот, Англија беше поразена од Нов Зеланд.
Сепак, денес, во првата средба од еднодневната серија против Бангладеш, Англичаните ги израдуваа своите симпатизери, триумфирајќи со 209/10 (47.2) – 212/7 (48.4).
Во првиот ининг, Азијците им зададоа навидум лесна задача на своите ривали од чии редови, најдобра економија имаа Џофра Арчер (2-37) и Марк Вуд (2-34).
Што се однесува до домашните удирачи, единствен истакнат во нападот беше Наџмул Хосаин Шанто со 58 поени.
На спротивната страна, најзаслужен за триумфот на Англија беше Давид Малан со 114 поентирања, додека единствен со три викенди од Азијците беше Таиџул Ислам (3-54).