Фенербахче прави дрим-тим, во Истанбул веќе пристигна мега ѕвездата Месут Озил, а следен обид за зимски засилувања се нашиот фудбалски бисер Лука Станковски и Един Џеко.
За играчот на Работнички сериозно се заинтересирани во Истанбул, а блиску е до реализација трансферот на 18-годишниот офанзивец во редовите на најтрофејната екипа во Турција.
Станковски, кој е младински репрезентативец на Македонија и еден од најголемите таленти е на прагот на трансфер во Фенербахче и ако пристигне во Истанбул, ќе има од кого да учи во состав што се најавува дека ќе биде ѕвезден и главен кандидат за нова, рекордна 29-та титула во Турција.
Претходно и Елиф Елмас беше играч на Фенербахче, а Станковски би одел по истиот пат како нашиот сениорски репрезентативец – со трансфер од Работнички во најтрофејната турска екипа.