Најдобрата фудбалерка за 2019 година според ФФМ и прва ѕвезда во актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса, Ленче Андреевска го продолжи договорот со клубот на 2.5 години или со важност до 31.06.2023 година.
Андреевска има богато реноме со многу шампионски титули и минатата сезона беше една од најзаслужните за големиот успех на тимот и првата титула во нивната историја. Искусната фудбалерка своевремено беше и стандардна репрезентативка на Македонија.
Фото: ЖФК Каменица САСА



