Во рамките на 19 коло од Серија Б, тимот на Лече одигра реми од 2:2 против Емполи. Пред неколку дена македонскиот репрезентативец од средниот ред, Бобан Николов официјално беше промовиран во Лече, а вчера и го имаше своето деби против лидерот на табелата.
Николов настапи до 54 минута кога беше заменет од Бјонкенгрен. Македонскиот репрезентативец кој е довчерашен член на Мол Фехервар, а на дебито за новиот тим заработи и жолт картон уште во шестата минута.
На овој натпревар до 77 минута за Лече играше привремениот репрезентативен лев бек, Леонард Жута. Домашниот тим имаше негатива од 0:2 за да во финишот стигнат до реми од 2:2 и поделба на бодовите.



