Вчера (06.07) во 17 часот фудбалскиот клуб Караорман ги започа подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.
Стружани влегуваат со амбиции да бидат сериозен ривал на сите тимови и за таа цел ангажираа неколку нови фудбалери. Сашо Шопоски е едно од најголемите засилувања во пресрет на новата сезона.
24-годишниот стружанец во Караорман пристигна од редовите на Охрид и се очекува да биде големо засилување во средниот ред.
Сашо Шопоски во кариерата покрај за Охрид играше уште и за Тетекс, Брегалница, Пелистер, Победа, Тиквеш и Металург.