
Домаќинот Англија го започна тринаесеттото издание на Европското првенство во женски фудбал на триумфален начин.
Имено, во првиот натпревар од континенталниот собир, пред рекордна публика од 68 871 гледачи на ,,Олд Трафорд”, Англичанките ја совладаа Австрија со минимални 1-0.
Стрелец на првиот и засега единствениот погодок на турнирот беше крилото на Арсенал – Бетани Мид (16′).
Во текот на цел натпревар, домашните фудбалерки го држеа темпото и имаа бројни шанси, но одлична на голот на Австрија беше Мануела Цинсбергер.
Првото коло од групата А ќе биде комплетирано во четврток, кога ќе се соочат Норвешка и Северна Ирска.