Вчера (06.07) во 17 часот фудбалскиот клуб Караорман ги започа подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.
Стружани влегуваат со амбиции да бидат сериозен ривал на сите тимови и за таа цел ангажираа неколку нови фудбалери
Нови имиња во тимот на Караорман се голманот Антонио Столевски и бекот Ермин Анруши. Минатата сезона двајцата настапуваа за екипата на Велешта.