Стружани ова лето на големо задоволство можат да уживаат во прекрасни концерти во летната сцена “Сиеста”. Се започна со маестралниот Игор Џамбазов кој на 1.јули гостуваше во Струга после цели 10 години.
Сето тоа продолжи синоќа со фантастичниот Неша Галија. И на двата настани се бараше карта повеќе. Веќе се најавени концертите на Ареа, Суперхикс, Дивље Јагоде и други каде стружани и туристите ќе можат да уживаат во квалитетна музика.