Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска во првото коло на турнирот во Египет ја елиминираше првата носителка Адитиа Карунератне од Хонг Конг.
На ИТФ фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик кој се игра за награден фонд од 15.000 долари Стоилковска славеше против Адитиа Карунаратне со 2-1 во сетови, односно 2-6, 6-4 и 7-6 за пласман во осминафинале на турнирот во Египет.
Во второто коло игра против Џулијана Бестети од Италија (26 години, 1061.место ВТА), која преку квалификации стигна до второто коло.




