
Иако Лејтон Ориент делуваше неприкосновено во поголемиот дел од сезоната, сепак влезе лошо во 2023 и има шанси да го загуби првото место.
Негов конкурент во битката за врвот е токму Стивениџ, кој денес, во меѓусебниот дуел од дваесет и осмото коло на Лиг 2, триумфираше со 3-0.
Домаќините направија ,,блицкриг” уште во првите единаесет минути, кога Џејми Рид (6′) и Џордан Робертс (11′) погодија за 2-0.
При крајот на првото полувреме, надежта на гостите од Лондон се изгуби, откако втор жолт картон, во интервал од само девет минути, доби Идрис Ел Мизуни.
Во вториот дел, Стивениџ само продолжи со офанзивната игра, а конечниот резултат го постави Лук Норис (90+1′) во судиското надополнување после само две минути поминати на теренот.