
Од крајот на октомври, Кембриџ Јунајтед има само една лигашка победа, остварена над Шрузбери во претпоследниот меч од 2022.
Сепак, Шрузбери денес, во дваесет и осмото коло на Лиг 1, го возврати ударот и триумфираше со убедливи 5-1.
После еден час игра, домаќините водеа со 3-0, пред Џоу Ајронсајд (69′) да постигне почесен погодок за гостите, после кој следуваа уште два погодока во мрежата на Вилијам Менион.
Имено, двоен стрелец за победничкиот состав беше Лук Леи (п. 33′, 90+1′), а по еднаш реализираа Џордан Шипли (45+5′), Метју Пенингтон (57′) и Кристијан Сејди (71′).
На табелата, Кембриџ Јунајтед се наоѓа во ,,црвената” зона на дваесет и втората позиција, додека Шрузбери го зазема единаесеттото место.