Екипата на Талент Плзен славеше на тешкото гостување кај Робе Жубри со 30:35 и останува на врвот на табелата во шампионатот на Чешка.
Македонскиот интернационалец Никола Костески кој настапува за Плзен, беше најефикасен ракометар во двете екипи со 7 погодоци.