Екипата на Струга слави висока победа со 25:31 на гостувањето кај Аеродром и се доближи на чекор од Плејофот во Суперлигата.

Тренерот на стружани Наум Танески слично како и против Еурофарм Пелистер 2 постави гранитна одбрана предводена од специјалистот за дефанзива Велко Маркоски. Домаќинот немаше многу решенија во нападот, што им ја донесе на стружани победата која многу ја посакуваа

Бошњак, Младеновски и Јанкуловски со по 6 погодоци беа најефикасни кај гостите. На голот на Струга повторно одлично бранеше голманот Рикановиќ. Наум Костов со 12 гола беше повторно најдобар ракометар на Аеродром на оваа средба.

