Во рамките на трето коло од Лига на нации во групата Ц на гостински терен Македонија извлече среќно реми против последнопласираната репрезентација на Естонија играјќи ефикасно со краен резултат од 3:3 на полувреме резултатот гласеше 1:1 со автоголот на Куск во 3 минута за 0:1 и реми од 1:1 на полувреме донесе Сапинен во 33 минута.
Истиот фудбалер во 61 минута донесе целосен пресврт и водство од 2:1 за Естонија. Во 67 минута нововлезениот Несторовски изнуди пенал за Македонија кој што Александар Трајковски не го реализира бидејќи шутираше само во рамката од голот.
Нововлезениот напаѓач на естонците Ливак во 76 минута ни покажа како се реализира удар од белата точка за во тој момент водство од 3:1. Кратко по влегување во игра Горан Пандев намали на 3:2 во 80 минута, а дефанзивецот Ѓоко Зајков во 88 минута со помош на противничката одбрана топката ја смети во мрежата на Естонија за реми и поделба на бодовите.
Во натпреварот помеѓу Ерменија и Грузија од истата група нивниот резултат гласи 2:2 и со тоа Македонија по три одиграни кола заедно со Грузија го дели првото место со пет освоени бода во групата Ц.