Едно од најстарите фудбалски клупски натпреварувања, Шкотскиот куп, денес го заврши своето 135. издание во историјата.
Во финалето, по вторпат во низа, се соочија Селтик и Хартс.
На патот до своето шеснаесетто финале, актуелните второлигаши ги елиминираа Ердрионијанс (5-0), Фалкирк (0-1), Ренџерс (1-0) и Хиберниан (2-1 после продолженија).
Од друга страна, Селтик ја стартуваше одбраната на титулата со Партик Тисл (1-2), а ја продолжи со Клајд (0-3), со Ст. Џонстон (0-1) и со Абердин (2-0).
Во првото полувреме од мечот, Селтик поведе со 2-0 преку Рајан Кристи (19′) и преку Одсон Едуард (29′ од пенал).
Во вториот дел, Хартс херојски израмни на 2-2 и избори продолженија. Стрелци за Џам Тартс беа Лиам Бојс (48′) и Стивен Кингсли (67′).
Во продолженијата, Селтик повторно дојде до предност од 3-2, благодарение на Леи Грифитс (105+1′). Хартс израмни шест минути подоцна преку Џош Џинели што ги наговести пеналите.
Во пенал-серијата, голманот Конор Хазард брше херојот на Селтик, одбранувајќи два пенали упатени од Стивен Кингсли и од Крег Вајтон. На двете одлични одбрани им претходеше промашувањето на Рајан Кристи, кое за момент ја однесе предноста на страната на Хартс.
За Селтик, ова е јубилејната 40. титула во Шкотскиот куп за враќање на самодовербата после неколкуте киксови во лигата.