Манчестер Јунајтед приреди вистинско фудбалско шоу, а Лидс Јунајтед ја почуствува силата на Премиерлигата и загуби убедливо со 6:2 на „Олд Трафорд“. Скот Мек Томинај со експресен старт и два гола за 171 секунда најави вистинска голеада и тој е првиот играч во историјата на англиската Премиерлига што дал два гола во стартните три минути.
Гол шоуто го продолжија Ферандес и Линделоф со уште два гола во првото полувреме, со што гостите урнаа неславен клупски рекорд. Лидс постигна погодок во финишот на првото полувреме и намали, но потоа прими уште два гола во продолжението и даде уште еден за конечни 6:2 за ,,Црвените ѓаволи”.
Езџјан Алиоски го одигра целиот меч за гостите, кои го претрпеа седмиот пораз сезонава. Манчестер Јунајтед ја продолжи импресивната серија од 7 меча без пораз и сега е на третото место со 26 бода, зад лидерот Ливерпул и второпласираниот Лестер Сити.