
Парамата Илс се наоѓаат во непосакувана ситуација, откако во рамките на 20. коло загубија од Сиднеј Рустерс со 28-0.
За Илс, ова беше трет пораз на последните четири средби, кој од четвртото може да ги спушти на петтото место на табелата во случај на победа на Манли Си Иглс.
Рагбистите на Парамата беа оставени на ,,нула” за првпат после 27 август 2020, кога загубија со 0-38 од Саут Сиднеј Рабитохс.
Играчите на Рустерс беа ефикасни на денешната средба со пет есеи и со четири погодени конверзии.
Во листата на поентери, со полагање се запишаа Џош Морис (24′), Ситили Тупуниуа (27′), Сем Вокер (51′ и една конверзија), Даниел Тупу (67′) и Џозеф Ману (78′), а трипати конвертираше Адам Кигран.
На табелата, Рустерс останаа на петтото место, но имаат ист број на бодови (28) како и четвртопласираниот денешен ривал.