
Иако седна на клупата на Хадерсфилд во прилично изискателна позиција, Нил Ворнок успеа да ги изнесе ,,Териерите” надвор од опасната зона на Чемпионшип.
Имено, Хадерсфилд нема пораз на петте последни натпревари што е доволно за скок на деветнаесеттата позиција на табелата.
Во увертирата на четириесет и првото коло, претставниците на Јоркшир, на домашен терен, ремизираа со 2-2 против фаворизираниот Блекбурн.
Во првото полувреме, Хадерсфилд поведе со 2-0 со головите на Метју Пирсон (16′) и на Џек Рудони (22′), но Роверс ја презедоа иницијативата во вториот дел и израмнија преку Џоу Ранкин-Костељо (47′) и преку Рајан Хеџес (90+1′).
За Блекбурн, ова беше прв поволен резултат по низата од три порази, кој го врати тимот во плејоф-зоната на шестото место.