
Вториот финалист на плејофот на англиската Национална лига е екипата на Солихал Мурс, која заврши на третото место во регуларниот дел од сезоната.
Имено, на момците од ,,Демсон Парк”, за една недела им претстои најважниот натпревар во својата историја, каде што, во финалето против Гримзби, ќе ја бараат првата промоција во Лиг 2.
Во денешното полуфинале, Солихал Мурс го искористи домашниот терен и го порази Честерфилд со резултат од 3-1.
Гостите од Дербишир стекнаа водство од 0-1 уште на самиот старт преку поранешниот напаѓач на Јеовил Таун – Џоу Квигли (7′).
Сепак, во продолжение, домаќините трипати ја затресоа мрежата на Скот Лоуч и го елиминираа својот ривал.
Стрелци за популарните Мурс беа Ендру Далас (15′), Алекс Гаџер (35′) и Калум Хау (59′).