
На осмата овосезонска трка во МотоГП, одржана во Муџело, до втората победа во 2022 стигна домашниот возач – Франческо Бањаја.
Италијанецот стартуваше од петтото место, но брзо се проби до врвот и остана таму сè до самиот крај.
После бројни претекнувања, второто место го зазеде актуелниот шампион, Фабио Квартараро, а третопласиран беше Алеиш Еспаргаро.
Жоан Зарко и Марко Беѕеки го комплетираа пласнот на најдобрите пет, а во првите десетмина завршија уште: Лука Марини, Бред Биндер, Такааки Накагами, Мигел Оливеира и Марк Маркез.
На девет кругови пред крајот, лидерот во генералниот поредок, Енеа Бастијанини, излета од патеката и остана без бодови.
Во шестиот круг, Хорхе Мартин на ,,Дукати” постави рекорд за најголема брзина некогаш развиена во МотоГП од 363 км/ч.