Втората трка во 2021 од Светскиот куп во алпско скијање беше во дисциплината спуст во женска конкуренција.
Истата се одржи денес во австриското село Ст. Антон, ситуирано во областа Тирол.
До деветтата победа во кариерата, со перфектно скијање, дојде Италијанката) Софија Гоџа (1:24,06), којашто им зададе заостаток поголем од една секунда на сите, освен на второпласираната Тамара Типлер (+0,96).
Подиумот го заокружи Американката Бризи Џонсон (+1,04), а по неа следуваа Естер Ледецка (+1,10) и Лаура Пировано (+1,15).
По две скијачки ги поделија шестото и осмото место. На подобрата позиција се најдоа Корин Сутер и Илка Штухец (+1,16), а побавни од нив беа Лара Гут-Бехрами и Елена Куртони (+1,34).
Освен нив, пласман во првите десет избори уште Германката Кира Вајдле (+1,48).
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images