Шестиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки се одвиваше во летонскиот град Сигулда.
На денешната програма беше шестата трка во две серии во машка индивидуална конкуренција, односно осма во сезоната, доколку се бројат и двата спринтови од Инсбрук и од Винтерберг.
До шестата двосериска овосезонска победа дојде Германецот Феликс Лох (1:35,884), а по третпат, на второто место се најде неговиот сонародник Јоханес Лудвиг (+0,220).
Во однос на првата серија, Доминик Фишналер и Артурс Дарзниекс ги заменија позициите, односно Италијанецот беше трет (+0,287), а Летонецот – четврти (+0,308).
Во продолжение, под половина секунда заостануваа Русите Семјон Павличенко (+0,371), Александр Горбачевич (+0,408) и Роман Репилов (+0,419).
📸 Lars Baron/Bongarts/Getty Images