Овосезонското 20. коло од италијанската Серија А го отворија екипите на Торино и на Фиорентина.
Нивниот втор меѓусебен дуел во тековната сезона заврши со реми од 1-1.
Во 49. минута, поради офсајд беше поништен голот на Душан Влаховиќ (Фиорентина), а десетина минути подоцна, неговиот тим остана со десетмина на теренот, откако Гаетано Кастровили го доби првиот црвен картон во кариерата.
Сепак, шест минути подоцна, гостите од Фиренца дојдоа во водство преку првиот овосезонски погодок на искусниот Франк Рибери.
Веќе во 71. минута, ,,Виолетовите” добија уште еден црвен картон во името на Никола Миленковиќ.
Бројната предност на Торино најдобро ја искористи нивниот најдобар стрелец, Андреа Белоти (88′), кој затресе противничка мрежа за првпат после девет натпревари.
Новиот бод го издигна Торино надвор од опасната зона, а во исто време ја остави Фиорентина на 12. позиција. Во овој момент, двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 Twitter: ACF Fiorentina