Првиот меч од 20. коло на италијанската Серија Б го одиграа две екипи од северна Италија – Виченца и Венеција.
Денешните ривали ремизираа без голови на ,,Стадио Ромео Менти”, иако домаќините одиграа една третина од мечот со играч помалку по исклучувањето на Матео Гранди.
За Венеција, која го доби првиот овосезонски меѓусебен дуел со 1-0 и којашто се бори за плејоф, ова се смета како потфрлување, земајќи го предвид фактот дека во случај на победа на Порденоне или на Фросиноне, ќе излезе надвор од плејоф-зоната.
Од друга страна, Виченца иако е на средината на табелата, се наоѓа поблиску до ,,опасната” зона, отколку до денешниот противник.
📸 Twitter: Venezia FC