Лошата низа на Барнмут продолжи и во денешното 27. коло, откако популарните ,,Цреши” загубија на ,,Мадејски Стадиум” од Рединг со 3-1.
Со новиот триумф, фудбалерите на Вељко Пауновиќ избија на четвртото место, додека Барнмут е во опасност да ја загуби и последната позиција што води во плејоф.
Рединг дојде до капиталната предност уште во првото полувреме, со головите на Џош Лорент (24′), на Том МекИнтаер (31′) и на Лукас Жоао (43′).
Во вториот дел, џокерот од клупата, Џуниор Станислас, успеа да го ублажи поразот на својот тим, со погодокот од слободен удар на пет минути до крајот.
📸 Getty Images