
Словенката Илка Штухец (1:30,35) ја запиша единаесеттата победа во кариерата, откако победи на последниот овосезонски спуст во Солдеу, Андора.
На овој начин, Штухец го обезбеди и второто место во поредокот на најбрзата дисциплина, веднаш после шампионката Софија Гоџа.
Токму Гоџа (+0,51) денес ја освои втората позиција, а пиедесталот го комплетираше Швајцарката Лара Гут-Бехрами (+0,81).
На четвртото и на петтото место се пласираа Федерика Брињоне (+0,96) и Мирјам Пухнер (+1,01), а во првите десет се најдоа уште Бризи Џонсон (+1,02), Изабела Рајт (+1,06), Кајса Викоф Ли (+1,17), Лора Гоше (+1,20) и Кира Вајдле (+1,20).