
На претпоследното натпреварување од норвешката турнеја ,,Роу Ер”, одржано во Лилехамер, до победата дојде Катарина Алтхаус.
За Германката, ова беше седми овосезонски триумф, кој ја искачи на второто место во поредокот на турнејата.
На втората позиција заврши Александрија Лути, додека третопласирана беше новата шампионка – Ева Пинкелних.
Во продолжение, пласманот во топ 10 го комплетираа: Зелина Фрајтаг, Силје Опсет, Ема Клинец, Кјара Кројцер, Марен Лундби, Ника Крижнар и Ана Одине Стром.