
Завршницата на Светскиот куп во алпско скијање во Солдеу (Андора) започна со последната машка трка во спуст.
На неа, до триумф дојде Австриецот Винсент Крихмајер (1:26,59), кој славеше по четврт пат во сезоната.
На второто место се пласираше Ромед Бауман (+0,09), освојувајќи го својот единаесетти подиум и прв после осум години, додека третопласиран беше Андреас Сандер (+0,13).
Од останатите скијачи, во првите петмина завршија уште Даниел Хеметсбергер (+0,23) и Доминик Парис (+0,27).
Шампион во најбрзата дисциплина за оваа сезона е Александер Омодт Килде, кој денес ја подели шестата позиција со Матија Касе (+0,30).
Имено, Килде (6) и Крихмајер (4) победија на сите десет спустови во 2022/23, правејќи ја сезоната прва со само два победници во спуст после 1974/75.