
Последниот слалом од тековната сезона на Светскиот куп во алпско скијање донесе двоен триумф за словенските земји.
Имено, во Солдеу (Андора), до втората победа во сезоната дојде Словачката Петра Влхова (1:51,38), која ја одбрани предноста од првата серија.
Најголемото изненадување го приреди Хрватката Леона Поповиќ (+0,43), освојувајќи го првиот подиум во својата кариера, оставајќи ја зад себе старо-новата шампионка – Микаела Шифрин (+0,86).
Вкупно десет скијачки не ја завршија трката, а од финишерките, во топ 5 се пласираа уште Сара Хектор (+1,51) и Венди Холденер (+1,84).