Битолчанецот Иван Марковски, ќе има нов предизвик и како тренер ќе седне на клупата на Катар Спорт Клуб. Овој клуб во Катар есента го водеше нашиот Раде Стојановиќ, кој поради приватни причини се врати во Македонија.
Иван Марковски изминатиов период како тренер работеше во Кина во тимот на Шандонг, а претходно го водеше одлично нашиот Металург и покрај финансиските проблеми во клубот.
Марковски својата кариера како тренер ја започна и го формираше клубот ХЈС Работник во Битола, а потоа работеше во Франција, во тимот на Ле Самбр Авенуа.