
Во единствениот денешен натпревар од програмата на КХЛ, СКА Ст. Петербург славеше над Северстаљ Череповец со 4-3 после продолжение.
Гостите во два наврати доаѓаа до предност, но во третата третина беа принудени да бркаат негатива пред конечно да се задоволат со еден освоен бод.
На мечот, за поразениот состав стрелаа Данил Вовченко, Робин Прес и Никита Рожков.
Од другата страна, мрежата на поранешниот ,,Армеец”, Александер Самонов, двапати ја затресе Александер Никишин, а по еднаш – Никита Комаров и Дамир Жафјаров.
Во Западната конференција, СКА го држи челото, додека Северстаљ ја зазема деветтата позиција.