По трите последователни порази, Спорт се врати на победничките патеки, совладувајќи го Асат со 5-1.
После две третини, домаќините водеа со 4-0, откако прецизно стрелаа Шон Хешка, Јуусо Пули, Симон Хјалмарсон и Валтери Вилјанен.
На почетокот на третиот дел, Николас Матинпало намали на тогашни 3-1, а конечниот резултат го постави Јенс Лук.
На табелата, Спорт изби на тринаесеттата позиција, додека Асат остана на осмото место.