По осми пат на последните девет меѓусебни натпревари, Сибир Новосибирск го порази Барис Нур-Султан.
Последно, тоа се случи денес, во триумфот на хокеарите од Новосибирск со убедливи 1-5.
После неефикасната прва, следуваше одличната втора третина за Сибир, кој стекна капитална предност од 0-3 со двата погодоци на Владислав Ушенин и со едниот погодок на Дмитри Сајустов.
Тоа резултираше со промена на голманската позиција на Барис, така што наместо Хенрик Карлсон, на голот застана Денис Каратајев.
За него, денешното деби во КХЛ не помина баш најдобро, поради фактот дека во третиот период прими два гола од страна на Олег Ли и на Даниил Романцев.
До крајот, Барис успеа само да го ублажи поразот, откако Никита Михаилис постигна почесен погодок на три и пол минути до крајот.
И покрај триумфот, Сибир останува на деветтата позиција на Истокот без никакви шанси за плејоф, додека Барис го зазема осмото место.
📸 Пресс-службы ХК “Сибирь



